Ќатип Османи дебитираше со реми против австриски нисколигаш на клупата на Шкендија

Македонскиот вицепрвак Шкендија прв почна со одигрување пријателски натпревари во текот на летните подготовки. Новиот тренер Ќатип Османи дебитираше со реми, откако Шкендија одигра 1-1 против австрискиот нисколигаш Бад Радкерсбург.

Во првиот дел немаше голови, а потоа во кус временски интервал беа постигнати два, по еден во двете мрежи. Се разбира, Шкендија не беше комплетна на овој меч недостигаа репрезентативците од А-тимот и од селекцијата до 21 година.

Ќатип Османи на стартот го изведе следниот состав: Захов, Тодоровски, Цуцули, Бојку, Челиковиќ, Вујчиќ, Алими, Тотре, Жуниор, Абдурахими, Асани.

Се вчитува...