Ќатип Османи ја презеде командата во Шкендија и го одржа првиот тренинг (ВИДЕО)

Македонскиот вицепрвак Шкендија направи промени на тренерската позиција веднаш по завршувањето за нив неуспешната сезона, во која останаа без ниту еден освоен трофеј, иако имаа амбиции дури и за двојна круна. Ќатип Османи е поставен за нов шеф на стручниот штаб, а тој денеска го одржа и првиот тренинг со тимот.

Шкендија нема многу време за одмор, затоа што ја очекуваат настапи во квалификациите за Лигата на Европа, натпреварување во кое минатата сезона стигнаа до плејофот, пред самиот влез во групната фаза. Токму затоа и Османи веднаш се зафати со работа…

Се вчитува...