Кавани и дефинитивно го напушта Јунајтед – Следна дестинација ќе биде Шпанија!?

Уругвајскиот фудбалер Единсон Кавани и дефинитивно ќе си замине од Манчестер јунајтед на крајот на оваа сезона, како слободен играч, а според последните најави неговата следна дестинација ќе биде шпанската Ла Лига.

Кавани зимава се поврзуваше и со трансфер во Барселона, но до такво нешто не се случи, но Уругваецот има желба да игра во Ла Лига, која би била четврта од петте најсилни лиги во кои би имал настапи извонредниот напаѓач, а само Германија би останала единствена од „лига петка“ во која немал настапи во кариерата.

Кавани беше дел од Палермо и Наполи во Италија пред да се пресели во француски ПСЖ, а сега игра за Јунајтед во Премиер-лигата и амбицијата му е да заигра во шпанското првенство, но засега не е познато во кој клуб.

Инаку од ланското лето имаше најави и за негово заминување во култниот аргентински клуб Ривер плејт, но таква опција е скоро невозможна.

 

 

 

Се вчитува...