Кавани за конфликтот со Нејмар: Премногу измислени приказни

Напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани тврди дека помеѓу него и Нејмар нема никакви проблеми по конфликтот што го имаа двајцата фудбалери во првенствениот меч против Лион кој се одигра во неделата. Уругваецот вели дека тоа се само измислени приказни, и посочи дека на Нејмар му треба уште време да се адаптира на новата средина.

„Не разбирам зошто се крева толку прашина околу ситуацијата. Премногу се измислуваат приказни, но вистината е дека такви работи се случуваат во фудбалот. Од својот брат слушнав како луѓето пишуваат на социјаните мрежи дека Кавани не дозволува никому да шутира пенали во тимот, дека е во конфликт со Нејмар, но вистината е дека такви проблеми не постојат. Нејмар само што пристигна во овој клуб, и му треба време да се адаптира на новата средина, но сигурен сум дека ќе успее во тоа“, вели Кавани.

Проблемот настана кога Кавани не му дозволи на Бразилецот да го изведе ударот од белата точка, по што тој самиот беше непрецизен. Нешто подоцна слична ситуација се случи и при изведување на слободен удар за ПСЖ, кога Дани Алвеш влезе во конфликт со Кавани, земајќи ја топката и давајќи му на Нејмар да шутне.

Францускиот весник Л’Екип објави дека Кавани и Нејмар за малку ќе се степале во соблекувалната по дуелот со Лион, но уругвајскиот ас категорично ги демантира овие гласини.

Повторувам, премногу измислени приказни“ – истакна уругвајскиот голгетер во редовите на ПСЖ.

Се вчитува...