Македонската фудбалска репрезентација денеска од 16:00 часот, го гостување во Казахстан гио продоува патот во квалификациите за пласман на Мундијалот 2026 година. Одличниот старт на квалификацискиот циклус со пет бодови од три меча, треба да биде потврден со триумф денеска и на Астана Арена. Осум бодови на пола пат во квалификациите, би било одлично остварување на момците на „Сер Боби“, кои пред неколку дена можеа да и го земат „скалпот“ и на фаворизираната Белгија.
Гостувањето во далечниот Казахстан е специфично по многу параметри за Македонија. Ќе се игра на температури кои се под воочиаеното за македонски услови во овој период од годината, и она што е најважно, на вештачка трева на „Астана Арена“, која претставува проблем за фудбалерите.
Меѓутоа предводникот на Македонија на овој меч, Роберт Стојановски, кој ќе го менува Благоја Милевски на кормилото, вчера изјави дека фудбалерите не се преоптоварени со тоа дека ќе играат на терен со вештачка трева.
„Подготвени сме да играме на кој било терен, сите наши играчи се професионалци. Немаме проблеми. Ако зборуваме за мотивација, кога се игра во репрезентацијата секогаш има желба за играње, и тоа никогаш и никаде не се доведува во прашање. Што се однесува до нашата тактика, ќе одлучиме по тренингот. Репрезентацијата на Казахстан претставува навистина квалитетна селекција која се потпира на колективот и не можам никого посебно да издвојам“ – вели Стојановски.
Голманот на македонскиот национален тим Столе Димитриевски вели дека целта на Македонија е да дојде до победата, а за такво нешто треба максимална дисциплина и максимална мотивација, која според него, не изостанува.
„Факт е дека против Белгија одигравме одличен меч од кој заслуживме и повеќе, но таков е фудбалот. Во секој случај, веднаш го заборавивме тој натпревар затоа што сега повторно не чека максимална борба. Не може да очекуваме наша целосна доминација затоа што и Казахстан си има свои математики, но наша цел секако е да дојдеме до победата. Огромна е желбата кај секој од нас за три бода, ќе се подготвиме максимално за нив и со тактичка определба од селекторот ќе се обидеме да дојдеме до посакуваниот цел плен. Важно е да бидеме дисциплинирани на терен и максимално мотивирани“, рече Димитриевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА