Македонскиот национален тим има предност од 0-1 на гостувањето во Астана, кај Казахстан. И покрај лошиот старт во мечот, сепак, еден потег на искусниот Александар Трајковски одлучи кој ќе има водство по првите 45. минути.
Особено проблематична беше десната страна, каде што играше дебитантот Деспотовски, па најдобрите шанси дојдоа од таму. Кенжебек ја имаше најдобрата шанса, кога токму откако проби од нивната лева страна, шутираше само во стативата.
Проблемите во организација на играта продолжија, па Казахастнците имаа уште 2-3 закани,, кои успешно ги скроти Димитриевски. Изведоа и неколкју корнери Казахстанците, но без успешно.
И тогаш во 33. минута една добра акција на Македонија. Миовски доби топка кој се обиде од дваесетина метри, беше изблокиран па топката дојде до Трајковски, кој од прва ја смести во долниот лев агол.
Македонија не блескаше на теренот во Астана, но заминува со водство на полувремето. Во вториот дел ќе мора многу подобро, да не се губат лесно топки, и да не се дозволи противникот така лесно да стигнува до голот на Димитриевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА