Казинс потпиша за Хјустон, дали ќе се премисли и Харден?

Управата на Хјустон рокетс успеа да го доведе во своите редови Демаркус Казинс, одличниот центар кој долго важеше за еден од најдобрите во НБА се додека не почнаа да го следат малери со повреди. Казинс беше без клуб откако беше отпуштен од ЛА Лејкерс на почетокот од годинава, а од неколкуте понуди на маса ја избра токму онаа на „ракетите“.

Одлична вест за Хјустон е што тој се согласи на минимален договор од 2,6 милиони долари за една година, со што нема дополнително да го оптовари „селари-капот“ на „ракетите“. На Казинс е да се обиде да се врати во ритамот кога доминираше под обрачите како член на Сакраменто и на Њу Орлеанс, за што пред се ќе мора да го служи здравјето.

Останува да се види дали овој потег на челниците на Хјустон ќе биде доволен да се убеди Џејмс Харден да остане во клубот. „Брадата“ засега инсистира на преселба во Бруклин Нетс, Хјустон не сака да го пушти, а американските медиуми доведувањето на Казинс го толкуваат како потврда за амбициозноста на „ракетите“, нешто што Харден го бара од управата веќе извенсо време.

Се вчитува...