Ќе има „Женска трка“ – одобрени протоколите

Манифестацијата Авицена Женска трка доби дозвола за одржување во услови на пандемија на коранавирусот. Комисијата за Заразни болести ги одобри протоколите за одржување на настонот које е предвиден за 6. септември.

„Тркачки, со задоволство ве информираме дека од страна на Комисијата за заразни болести се одобрени протоколите по кои ќе се одржи Авицена Женска Трка 2020 на 6. септември. Подигнувањето на стартните пакети ќе биде во Кугланата СРЦ Борис Трајковски во петок (4. септември) од 12ч.-18ч. и сабота (5. септември) од 10ч. до 18 часот.Сите оние кои веќе имате купено маици со логото на трката, а не сте ги добиле досега, ќе може да си ги подигнете во истите овие термини, на истата локација. Оние кои не сте купиле, а сакате да набавите, ќе има ограничени количини достапни на самите штандови по цена од 400 ден, а собраните средствата одат во хуманитарни цели.Во текот на следните денови до трката, редовно ќе објавуваме детални информации за текот на трката, протоколите и сите дополнителни важни информации, затоа следете не!По однос на протоколите, важат истите основни правила за носење маска, држење дистанца и дезинфекција на раце како и за секој друг јавен простор“ – стои во соопштението од организаторите.

Авицена Женската трка требаше да се одржи во април, но поради влошувањето на ситуацијата со коронавирусот и заострените мерки за заштита, трката беше одложена. Трката ќе биде на 3 километри, а стартот ќе биде во интервали според стартниот број во перидот од 8.30 до 9.45.

Се вчитува...