Ќе ја заврши сезоната во Реал Мадрид па ќе го реализира најскапиот трансфер во историјата на фудбалот

Бразилскиот фудбалер Винисиус Џуниор ќе ја заврши сезоната во Реал Мадрид па ќе го реализира најскапиот трансфер во историјата на фудбалот, пренесува „ЕСПН“.

Винисиус со Реал Мадрид има договор до летото 2027 година, но добро ќе размисли дали ќе го заврши договорот во целост со оглед на понудата која ја има од Саудиска Арабија да стане најплатениот фудбалер во историјата. Ал Ахли е подготвен да му даде на 24-годишникот цело богатство, а воедно и да ја активира откупната клаузуа од една милијарда која ја има во договорот со „кралскиот клуб“.

Винисиус со тоа ќе ја добие и улогата на амбасадор на Светското првенство кое во 2034 година ќе се одржи во Саудиска Арабија, а дека сериозно размислува на оваа понуда говори и фактот дека одби да потпише нов договор со Реал Мадрид.

Се вчитува...