Ќе најде ли Меси лек за „комплексот Буфон“?

Барселона и Јувентус ќе го одиграат дерби дуелот на првото коло од Лигата на шампионите, што воедно ќе претставува и нова шанса за Лионел Меси конечно да му даде гол на Џанлуиџи Буфон. Аргентинскиот генијалец има постигнато погодоци против речиси сите ривали, но еден од ретките против кои тоа му нема успеано е токму Буфон. Меси не го совлада легендарниот Италијанец во финалето од ЛШ пред три години што Барса го доби со 3-1, а не се запиша меѓу стрелците ниту на двете четвртрфинални средби од ланската сезона, со кои Барселона беше елиминирана од елитното европско натпреварување.

Ова беше добро искуство, пред се да докажеме дека тој е само човек, иако важи за фудбалски Бог“ – изјави Буфон по ланските дуели.

На потег е Аргентинецот, кој сезонава веќе постигна пет погодоци во Примера дивизион, а присуството на Буфон на голот на противникот сигурно ќе биде мотив повеќе за него.

Се вчитува...