Ќе заличи ли Шкендија со Ѓока на шампионски тим: Прв тест е Академија Пандев

Македонскиот првак Шкендија го доби третиот кормилар од почетокот на сезоната. Ернест Ѓока ќе дебитира на клупата на тетовскиот тим, а ќе има задача да го врати препознатливиот шампионски стил на игра и победнички ритам кој долго го држеше Ќатип Османи, но се „лизна“ на стартот од овој шампионат. Еркан Селими доби улога за мала трансформација на тимот, но, сепак, не успеа дволно добро да го исправи шампионскиот брод.

Првиот тест е тежок, Академија Пандев, составот со најцврста одбрана во шампионатот и само два примени гола на девет натпревари. Составот на Југослав Тренчовски се надева дека може да остане непоразен на денешниот меч (14.30 часот) во Тетово.

„Шкендија е фаворит, игра на домашен терен, но ние ќе сториме се за да извлечеме позитивен резултат“, истакнува Тренчовски.

Шкендија е комплетна, во тимот се враќаат суспендираните Гледи Мици и Костадин Чешмеџиев.

ПРВА ЛИГА ДВОЈКИ (14.30 Ч.)

ДЕНЕСКА

ШКЕНДИЈА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

УТРЕ

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ

СИЛЕКС – РЕНОВА

БОРЕЦ – ШКУПИ

 

Се вчитува...