Преговорите меѓу Хари Кејн и Баерн Минхен се во напредна фаза и се очекува да вродат со плод, но англискиот голгетер нема намера да го стави потписот доколку не му биде исполнето главното барање – во новиот договор да стои и откупна клаузула што ќе му овозможи да си замине од „Алијанц Арена“ порано од предвиденото.
Договорот што му се нуди на 33-годишниот напаѓач е со важност до 2029 година, но фактот дека Баерн во еѓувреме се поврзува со неколку врвни голгетери прави Кејн да не е најсигурен во загарантираниот првотимски статус што го има во моментов.
Затоа, Англичанецот инсистира на клаузула со која тој би можел да си замине. Со оглед на неговата возраст, таа не би била премногу висока, а воедно и би му овозможила да се врати назад во Премиер-лигата.
Toj досега има 213 погодоци во Премиер-лигата, рекордерот Алан Ширер има 260, а Кејн во минатото јасно ставаше до знаење дека тоа е рекорд што би го нападнал ако му се укаже можност за такво нешто. Затоа, не изненадува неговата желба, да одигра уште најмалку една сезона во дресот на Баерн, но потоа сериозно да размисли за камбк во татковината.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
