Кејн: Бод од „Сантијаго Бернабеу“ не е мала работа

Тотенхем успеа да остане непоразен (1-1) на гостувањето кај европскиот првак во Мадрид, а Хари Кејн смета дека тоа е одличен резултат за неговиот тим. Малку тимови успеваат да извлечат бод на теренот на Реал Мадрид.

„Среќни сме. Знаевме дека тие ќе имаат свои шанси, но ние игравме добро и мислам дека добро ги намачивме. Бод на „Сантијаго Бернабеу“ не е мала работа и сигурно дека ќе прифатевме ако некој ни го понудеше пред мечот. Мислам дека сега сме во добра ситуација во групата, а во следното коло Реал Мадрид ќе ни гостува во Англија. Овие седум бода покажуваат дека добро се носиме со ситуацијата“, изјави Хари Кејн.

 

Се вчитува...