Кејн е кошмар за лондонските ривали на Тотенхем

Тотенхем без поголеми проблеми се пласираше во четвртфиналето од англискиот ФА Куп, откако попладнево рутински славеше на гостувањето против Фулам со 0-3. Тимот од Чемпионшип-дивизијата не беше достоен ривал за „спарси“, кои настапија во својот најсилен состав и рутински дојде до четвртфинален билет.

Хари Кејн беше човекот на одлука постигнувајќи хет-трик, со што овој фудбалер продолжи да блеска на лондонските пресметки. Имено, Кејн досега има одиграно 22 средби против градски ривали на Тотенхем, при што успеал 20 пати да се запише меѓу стрелците.

Fulham vs Tottenham 0-3 All Goals Highlight 19… by azetv

Се вчитува...