Кејн го престигна Руни на вечната листа стрелци во Премиерлигата

Фудбалерот на Тотенхем, Хари Кејн го постигна единствениот гол во победата на својот тим над Кристал Палас со 1-0. Кејн мрежата ја затресе во судиското продолжение од првиот дел.

Со тоа стигна до голот број 209 во Премиерлигата, а со него го престигна Вејн Руни на вечната листа на стрелци. На Кејн до оваа бројка дојде после 317 натпревари, или дури 174 поналку од Руни, и сега на листата е на второ место.

Сега Кејн  ќе го брка рекордот на Алан Ширер, кој има вкупно 260 гола во Премиерлигата. Некогшниот голгетер на Блекбург и Њукасл го држи тој рекорд од 2006 година.

Се вчитува...