Кејн по рекордот: Сонот стана реалност!

Фудбалската репрезентација на Англија синоќа на стартот од квалификациите за Европското првенство ја совлада Италија во Неапол (1-2), а натпреварот го одбележа Хари Кејн.

Во 44. минута Кејн погоди од пенал и го постигна својот 54. гол во дресот на репрезентацијата со кој го надмина Вејн Руни на првото место на вечната листа во дресот на „гордиот албион“. По рекордниот погодок Кејн изјави дека неговиот сон од детството сега станал реалност.

„Каква ноќ. Специјална за сите нас, посебно за мене. Никогаш нема да ја заборавам оваа вечер. Се гордеам со себе. Им благодарам на сите што помогнаа овој сон да стане реалност. Ја победивме Италија на домашен терен по многу, многу години. Беше чест да се биде дел од овој натпревар. Навистина немам зборови. Сакам уште еднаш да им се заблагодарам на сите, на моите соиграчи, стручниот штаб, навивачите, моето семејство и мојата сопруга“, изјави Кејн. 

Англија во 2. коло од евроквалификациската група Ц во недела ја пречекува Украина на „Вембли“.

Се вчитува...