Баерн Минхен триумфираше со 1-2 на гостувањето против Елверсберг, експресно враќајќи се на победнички патеки по ремито со Шалке минатиот викенд. Хари Кејн беше човек на одлука, откако англискиот ас го постигна победничкиот гол, негов прв погодок сезонава во Бундес-лигата.
Компани направи неколку промени во стартниот тим, но баварците сепак успеаја да поведат со голот на младиот Карл во првото полувреме.
Елверсберг израмни со евроголот на Кратенмахер, по што Баерн тргна во офанзива, во игра влегоа Луис Дијаз, Кимих и Мусиала, а по една прекрасна акција Кејн мајсторски реализираше и му ја донесе победата на својот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
