Хари Кејн ги негира трансфер гласини поврзани со негово заминување од Баерн Минхен и преселба назад во Англија каде во минатото настапуваше за Тотенхем. Тој има клаузула за заминување од Баерн летово, по што медиумите на „островот“ најавија дека Кејн би можел да се врати назад во Премиер-лигата, каде неколку екипи се во потрага по врвен голгетер.
Сепак, англискиот репрезентативец вели дека е среќен во Минхен и нема намера да замине од тимот со кој за прв пат во кариерата се израдува на трофеј.
„Моето семејство е тука. Знаете, во фудбалот и во животот, никогаш не знаете што ве чека. Јас навистина сум среќен во Минхен. Моето семејство е среќно, моите деца тука се среќни во училиште. Ова е мојот живот во догледна иднина. Го сакам овој тим. Мислам дека штотуку започнавме еден успешен период за клубот и сакам да бидам дел од тоа. Дефинитивно сакам да останам тука“, изјави Кејн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА