Кемба Вокер ќе го менува Порзингис на „Ол-стар“ мечот

Кошаркарот на Шарлот, Кемба Вокер ќе настапи на престојниот „Ол-стар“ место Кристапс Порзингис.

Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер го избра Кемба Вокер за учесник на спектаклот во Лос Анѓелес кој ќе трае од 16. до 18. февруари.

Вокер ќе игра за тимот на Леброн Џејмс каде ќе го пополни местото испразнето по тешката повреда на Порзингис на мечот меѓу Њујорк и Милвоки.

Летонскиот кошаркар, како што е познато, ги скина лигаментите на левото колено, поради што ќе мора да паузира речиси една година.

Се вчитува...