Кемба Вокер постигна 46 поени во неверојатната победа на Шарлот од +61 против Мемфис

Кемба Вокер постигна извонредни 46 поени во неверојатниот триумф на Шарлот против Мемфис во еден од синоќешните дуели во НБА лигата.

Шарлот победи со +61 поен разлика (140-79) протов Мемфис, во мечот во кој Вокер погоди 10 шута за три поени, сето тоа заокружувајќи го со 46 постигнати поени.

Филаделфија, пак, ја запиша и петтата победа во низа славејќи против Орландо со 98-118.

Во останатите синоќешни мечеви, Хјустон по продолжение славеше против Детроит со 100-96, Њу Орлеанс ги победи Лејкерси со 128-125, Јута славеше на гостувањето против Далас со 112-119 и Сакраменто беше подобар од Атланта победувајќи со 105-90.

Се вчитува...