Кевендиш: Немам намера да се повлечам од велосипедизмот

Легендарниот британски велосипедист, Марк Кевендиш годинава не настапи на најпознатата велосипедска трка во светот „Тур де Франс“. Тимот на Квик степ одлучи тој да биде резерва и предност му даде на Фабио Јакобсен, со што Британецот беше спречен да го урне рекордот по бројот на освоени етапи на „Трката околу Франција“.

Тој рекордот од 34 победи го дели со легендарниот Еди Меркс. Без разлика на тоа што годинава не беше присутен на својата омилена трка, Кевендиш вели дека не планира да се повлече од велосипедизмот.

„Eдинствено нешто за што жалам е тоа е што знам дека сум способен да победам таму. Знам дека сум во најдобра форма во последната деценија. И кога знаеш дека сето тоа е за ништо, може да биде тешко за тебе. Го освоив британското првенство, па тоа ми е некоја утеха. Немам намера да се повлечам, се додека победувам ќе продолжам да се натпреварувам“, изјави Кевендиш. 

Се вчитува...