Кевин де Брујне го пропушта дуелот со Ливерпул

Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер сити, Кевин де Брујне најверојатно нема да биде дел од тимот за натпреварот против Ливерпул во полуфиналето од ФА купот.

Одличниот Белгиец, мораше да го напушти теренот во второто полуфинале од четвртфиналето против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите поради повреда на скочниот зглоб.

Последните информации велат дека тој нема да може да се опорави за мечот против Ливерпул во сабота. За Манчестер сити нема да игра ниту десниот бек Кајл Вокер. Во второто полуфинале во најсторото фудбалско натпреварување ќе се сретнат Челси и Кристал Палас.

Се вчитува...