Кевин Дурант и втора година по ред МВП на финалето

И втора година по ред Кевин Дурант сосема заслужено го понесе признанието за МВП играч на финалната серија во НБА лигата.

„Беше неверојатно да се преживее се ова, да се мине овој пат со соиграчите каков ние имаме во соблекувалната. Имаме неверојатна атмосфера, опкружен сум со лица кои многу ми помогнаа од ден на ден да бидам се подобар кошаркар, но и многу подобар човек. Затоа и ова признание е за сите нив“ – еуфорично коментираше Дурант по синоќешната нова победа над Кливленд и освојувањето на новата титула за Голден стејт.

Кевин Дурант сега заедно со Мајкл Џордан е единствениот кошаркар во НБА кој има четири титули најдобар поентер во лигата, и повеќекратни МВП признанија во финалната серија.

Се вчитува...