Кевин Дурант во „хол од фејм“ – 20.000 поени во кариерата

Ѕвездата на Голден стејт вориорс, Кевин Дурант ќе биде запишан во историјата на НБА како еден од најдобрите поентери. Со неговите 40 поени во вчерашниот пораз од ЛА клиперс, Дурант ја мина границата од 20.000 поени во неговата кариера.

Ова достигнување Дурант го направи за 737 натпревари на кои имаше просек од 27.1 поени, само девет играчи во историјата успеале да стигнат до оваа бројка на помалку одиграни меча. Крилото на „воините“ е вториот најмлад кошаркар кој стигна до 20.000 поени со 29 години, само Леброн Џејмс успеал да забележи исто толку поени на помлада возраст.

Дурант е севкупно 44. кошаркар кој настапувал во лигата и при тоа остварил ваков учинок.

Се вчитува...