Кевин Пантер откри кога се враќа на теренот

Партизан без својот најдобар кошаркар Кевин Пантер мака мачи во Евролигата, а и веќе забележа големи киксови во АБА, но Американецот говорејќи за српските медиуми откри добри вест и за тренерот Жељко Обрадовиќ и за сите навивачите на „црно-белиот“ актуелен шампион на регионот.

Триесетгодишникот во изјава за Моцарт Спорт откри дека на терените се враќа за две недели.

„Се чувствувам подобро. Ако даде Господ ќе заиграм повторно за две недели“, изјави Американецот.

Пантер кој во Евролигата на пет одиграни натпревари бележи просек од 11.6 поени, 2.2 скока и 2.0 асистенции е надвор од терените од 26. октомври кога на средбата против вечниот ривал Црвена Звезда заработи повреда на коленото, а притоа влече и повреда на задната ложа.

Се вчитува...