Кевин Партнер ја откри причината за неговото останување во Партизан

Кевин Пантер одлучи да да продолжи договорот со шампионот во АБА лигата, Партизан, а тоа беше прифатено со воодушевување кај навивачите на клубот од Хумска.

Пантер стана миленик на навивачите на Партизан, а неодамна реши да ги одбие понудите на европските гиганти и да остане уште две години во „црно-бело“.

Тој откри која била причината за неговото останување во Белград.

„Многу фактори ме натераа да останам во Партизан. Многу различни работи. На пример, тренерот со неговиот начин на игра. Тука сум две години, фактот што сум капитен овде е многу важен. Знаете, се случија многу работи, но решив да останам. Тешко е многу луѓе да го разберат тоа. Секој ден се пишуваше дека одам на друго место. Во Барселона, Панатианикос, Реал, Фенер. Тоа беше изненадување за мене. Сите зборуваа за тоа. Но, јас не сакав. Не ми се допадна тоа, да бидам искрен. Понекогаш сите тие сценарија ве излудуваат“, изјави Пантер. 

Пантер настапуваше и за Лаврио во Грција, додека во кариерата настапуваше и за Олимпија од Милано.

Се вчитува...