Кикс на Челси: Само реми со Барнли…

Челси не успеа да ги искористи поразот на Тотенхем и дополнително да се зацврсти со уште поубедлива предноста на врвот од табелата во Премиер лигата, откако во 25. коло неочекувано киксираше на гостувањето против Барнли играјќи без победник (1-1).

Иако „сините“ поведоа уште во 7. минута со голот на Педро, сепак, во 24. минута Брејди израмни за Барнли.

До крајот тимот на Антонио Конте се обидуваше да дојде до трите бода, но не успеа да создаде позабележителни шанси за активно загрозување на противничкиот гол.

Челси по 25 кола сега има 60 бода, десет повеќе од Тотенхем и Арсенал, кои се на делба на второто место. Ливерпул е на 4. место со 49 бода, колку што има и Манчестер сити, но со натпревар помалку.

Се вчитува...