Кикс на Норвешка, Турците по голеадата против Гибралтар на еден чекор до бараж за СП 2022 (ВИДЕО)

Кикс на Норвешка во претпоследното коло од Групата Г во квалификациите за СП 2022 кој отвора простор Турција сега да се избори за бараж за пласман на Мундијалот следната година.

Норвежаните ремизираа без голови на домашната пресметка со Летонија, што пак го искористија Турците кои со убедливи 6-0 славеа против Гибралтар.

Токму оваа убедлива победа ги носи Турците до второто место поради подобра разлика, сега пред Норвежаните.

Турција е во предност пред последната рунда натпревари затоа што гостуваат на Црна Гора, која нема никаква шанси за пласман, додека Норвешка има тежок меч на гости против водечката Холандија.

Се вчитува...