Кил го доби дербито со Фуксе и ја направи „супердраматична“ борбата за титулата во Бундеслигата

Ракометарите на Кил славеа на домашен терен против лидерот на табелата Фуксе Берлин (36-29) во дерби натпреварот од 24. рунда во германската Бундеслига. Со овој триумф „зебрите“ се израмнија на врвот на табелата со денешниот противник и ја направија суперинтересна борбата за титулата во германскиот шампионат.

Натпреварот почна фуриозно и на двете страни. Буквално и двата тима погодуваа од секоја позиција, а во оваа игра за нијанса подобри беа домаќините кои на пауза заминаа со предност од два гола 17-15.

Сличен ракомет се играше и во вториот дел, каде повторно подобро се снајдоа избраниците на Филип Јиха кои на крајот стигнаа до конечен триумф од 36-29. Ерик Јохансон со осум гола беше убедливо најдобар поединец во победничкиот табор, додека кај поразените шест постигна Милош Вујовиќ.

 

Се вчитува...