Ракометарите на Кил стигнаа до реми од 30-30 против фаворизираната Барселона во 7. коло од Лигата на Шампиони, одземајќи ги првите бодови на шпанскиот тим во досегашниот дел од сезоната. Германскиот тим имаше негатива од 14-18 на полувремето, а предноста од четири гола Шпанците ја задржаа до средината на второто полувреме (22-26), но следеше целосен камбек на домаќините.
Од минута во минута Кил ја топеше предноста, а не само што стигна до изедначување туку успеа и да поведе со 30-28. Сепак германскиот состав не ја задржа истата, а серијата од 2-0 на каталонците во последната минута донесоа изедначување и реми во „европската класика“.
На победа на денешните први средби од 7. коло се радуваа и Веспрем кој на домашен терен славеше против Загреб со 32-28, како и Динамо Букурешт кој стигна до важна победа против Висла славејќи со 32-27.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА