Килијан Мбапе – МВП на осминафиналето на СП

Француското фудбалско чудо Килијан Мбапе е МВП на осминафиналните мечеви од Светското првенство во Русија. Тој имаше фантастично издание за селекцијата на „триколорите“ на дуелот против Аргентина. Беше стрелец на два гола, а над него бешe направен и пенал, што значи дека директно учествуваше во три од четирите погодоци на францускиот национален тим во триумфот (4-3) над „гаучосите“.

Мбапе имаше и осум успешни дриблинзи на мечот со Аргентина и стигна до индекс 437, што го прави МВП – играч на осминафиналните мечеви од Мундијалот.

Во „дрим-тимот“ на осминафиналните натпревари се најдоа: Акинфеев (Русија), Муние (Белгија), Силва (Бразил), Вертонген (Белгија), Гереиро (Португалија), Канте (Франција), Екдал (Шведска), Де Бруин (Белгија), Мбапе (Франција), Кавани (Уругвај), Нејмар (Бразил).

Се вчитува...