Кин: Никогаш нема да му простам на Фергусон

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин вели дека тврдењата на Сер Алекс Фергусон се бесмислени. Тој дополнува дека Фергусон не работел секогаш во интерес на клубот, како што се вели во јавноста. Тој повторно го нападна легендарниот стратег велејќи дека не се вистините обвинувањата дека тој ги напаѓал и нервирал сите во клубот.

„Никогаш нема да му простам на Фергусон. Приказната за медиумите како јас наводно сум ги нервирал сите е чиста глупост. Не ме интересира дали е Фергусон или папата лично, јас ќе се бранам кога ме напаѓаат. Луѓето говорат за одличните односи на Фергусон со фудбалерите. Глупост. Говорат дека секогаш работел за интересите на клубот. И тоа е лага. Тој секогаш го правеше тоа што беше само во негов интерес“, вели Кин. 

Кин е еден од најтрофејните капитени на клубот од „Олд трафорд“ со кој освои седум титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите.

Се вчитува...