Кин: Се додека Манчестер Јунајтед ги има Мектоминеј и Фред не може да освои титула

Манчетсер Јунјтед вчеравечер беше прегазен од Ливерпул на „Олд Трафорд“ со 4-2, натпревар кој го одбележаа разочарувачките потези на играчите за врска на „црвените ѓаволи“, а видно беше и отсуството на капитенот Мегваер во одбарната.

Поранешниот капетан на Манчестер Јунајтед, а Рој Кин, кој сега коментира на Скај Спортс, по натпреварот не го криеше незадоволството, па жестоко „удри“ по играчите на „својот“ тим.

„Сите недостатоци на Јунајтед искочија на виделина во последните неколку дена. Погледнете го учинокот на двајцата играчи за врска. Мектоминеј е добар, искрен играч, а го имаат и Фред. Се додаде овие два играчи се во Манчестер Јунајтед, клубот нема да освои големи трофеи. Очигледен е и недостатокот на Хари Мегваерн. Луѓето постојано говорат за тоа колку е тој добар, но тоа се гледа само кога не игра… Оваа екипа нема сили да се натпреварува против Сити за освојување на титули. Засташувачки е колку Сити е пред оваа екипа на Јунајтед. Мислам дека Оле добро ќе размисли следните денови и ќе помисли ‘ни требаат три или четири големи играчи ова лето’, изјави Кин.

 

Се вчитува...