Кин: Страшно е колку нема квалитет во Јунајтед и во Арсенал

Манчестер Јунајтед и Арсенал ги поделија бодовите на синоќешното дерби на „Олд Трафорд“, но она што особено падна во очи беше неквалитетот во играчкиот кадар на двата тима. Жестоките дуели беа единственото нешто по што овој меч потсети на поранешните дерби-пресметки кои го решавале шампионот на Премиер-лигата, а синоќешниот дуел беше само уште една потврда зошто овие клубови ланската сезона ја завршија надвор од Топ 4 во Премиер-лигата.

„Страшно е колку нема квалитет во Јунајтед и во Арсенал. Во целото прво полувреме видовме само еден единствен фудбалски потег, шутот на Мектоминеј што беше фантастичен. Шокиран сум бидејќи знам каков фудбал се играл на дуелите меѓу овие екипи“ – изјави поранешниот капитен на Јунајтед, Рој Кин.

Сличен беше ставот и на поранешниот ас на Арсенал, Цеск Фабрегас.

„Ваше мислење за мечот досега без да користите лошо збор? Обидете се да бидете креативни“ – порача Шпанецот кој сега настапува за Монако.

Се вчитува...