Рој Кин по натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Арсенал упати жестоки критики кон фудбалерот на „граѓаните“, Ерлинг Халанд нарекувјаќи го четвртолигашки напаѓач бидејќи немаше никакво влијание во играта.
Сега легендата на Манчестер Јунајтед одново говореше за Норвежанецот по неговиот гол во дуелот со Нотингем Форест.
„Сега изгледа како второлигаш. Многу напредна. Што се однесува за квалитетите потребни за голгетер, Халанд е апсолутно неверојатен нема сомнеж во тоа. Кога сака да има влијание на играта, е, тука треба да се потруди. До сега го имаше Де Брујне како свој слуга, но сега мора да се снаоѓа сам“, изјави Кин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА