Кипчоге повторно го урна светскиот рекорд на маратонот во Берлин

Кенискиот Маратонец, Елиуд Кипчоге повторно испиша историја на традиционалниот Берлински маратон. Маратонот на кој од година во година се подобрува најдоброто време во историјата на маратоните невидени возбудувања ни донесе и денеска.

Кениецот делницата од 42,195 километри ја помина за време од 2:01:09 што е за половина минута побрзо од неговото најдобро време поставено исто така во Берлин, во 2018 година.

Се вчитува...