Виктор Киплангат од Уганда е нов светски шампион во маратон откако овој атлетичар стигна до златниот медал на најдолгата трка на шампионатот што се одржува во Будимпешта.
Киплангат наметна силно темпо што четириесетина килметри успеваше да го следи Леул Гебресиласие, но атлетичарот од Етиопија потоа загуби здив и на крајот заврши како третопласиран, додека Киплангат без посериозна конкуренција ја заврши маратонската трка, за само второ злато на Уганда на најдолгите трки на светските шампионати.
„Кога стигнав до 30 километри се чувствував силен и решив да додадам гас. Имав многу енергија и тоа ми овозможи да намтнам темпо што знам дека ќе го издржам, а што се покажа пресилно за ривалите“, изјави Киплангат, кој ја заврши трката со повреме 2:08:53 часа. Второпласиран беше Тефери од Израел (2:09:12), пред Гебрсиласие на третото место (2:09:19).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА