Кире Лазаров: Дојдовме тука со детска градинка…, но сето ова не треба да не обесхрабри!

Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров низ еден поширок осврт на се што се случуваше за нас во првата фаза на Светското првенство 2019, истакна дека и конечниот резултат е таков каков што нуди можноста кога се доаѓа на Мундијал со „детска градинка“.

Но, Лазаров повика на обединување на ракометната јавност и да се даде поддршка за сите млади играчи кои се иднината на македонскиот ракомет.

„Јас уште претходно кажував дека тука дојдовме со детска градинка… Може да кажам дека овие млади играчи се наш голем потенцијал, и јас сум бил млад и на почетокот од кариерата сум имал многу промашени натпревари кои носеле големо искуство за мене. Токму затоа и овие натпревари за овие млади момци се собирање искуство кое треба многу да им значи во иднина. Сега сакам да кажам дека мора да дадеме поддршка за сите млади ракометари, иднината е пред нив и затоа мора сите да знаеме дека ова невлегување во Топ 12 на СП не треба да не демотивира, туку напротив да не охрабри сите да веруваме во новите генерации. И претходно во интервјуто за ЕКИПА пред доаѓањето во Минхен кажав дека ќе биде светско чудо ако се пласираме во втората фаза и тоа, за жал, се оствари“ – истакна Лазаров по мечот.

Се вчитува...