Кире Лазаров: Убаво е да се заврши Мундијалот со победа

ЕКИПА во Келн, 

Стеван Цаневски

Ракометната репрезентација на Македонија го заврши настапот на Светското првенство во Германија на 15.место. На денешниот дуел, македонските ракометари го совладаа Чиле со 32-30 и победнички го заокружија Мундијалот. Капитенот Кире Лазаров со првична анализа.

„Добија шанса некои млади играчи, почувствуваа како е да се игра на Светското првенство. Сепак, убаво е да се заврши со победа едно вакво натпреварување“, изјави капитенот Кире Лазаров по триумфот над Чиле.

Потоа се осврна и на комплетниот настап на Мундијалот.

„Факт е дека сме една од најмладите селекции на овој Мундијал. Не треба сега веднаш да анализираме, треба да легнат малку работите, но јасно е дека не можеме да бидеме многу задоволни од настапот на Светското првенство. Одигравме и многу натпревари за мал период, така е тоа на турнирски систем. Сепак, не треба сега да оставиме на случајноста, туку напорно да работиме и понатаму за да бидеме подобри во иднина“, истакна Лазаров.

Се вчитува...