Кире Николовски ги засили „соколите“

Македонскиот кошаркарски вицепрвак, тимот на Карпош Соколи го ангажираше македонскиот репрезентативец Кирил Николовски (29 год, 210 см.). Соработката е на една година со можност истата да биде продолжена ако постои расположеност кај двете страни. Со ова, „соколите“ добиваат квалитетен центар кој долг период е присутен на прволигашките терени во Македонија.

Кире Николовски доаѓа од таборот на Фени индустри, а во досегашната кариера има играно уште и за МЗТ Скопје и за Вардар осигурување. Тој е стандарден член на репрезентацијата на Македонија со која во моментов се подготвува за настап во претквалификациите за СП 2019. Претходно, нов договор со Карпош Соколи потпиша и Драган Лабовиќ, а пред потпис се и капитенот Игор Пенов, Дарко Соколов и фантастичниот Американец, Кендрик Пери. Вицешампионот се пријави за настап во Лигата на шампионите на ФИБА.

Се вчитува...