Кире Ристевски ја продолжува кариерата во Ујпешт (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Кире Ристевски денеска и официјално промовиран во дресот на својот нов клуб, унгарскиот Ујпешт.

По долгата потрага по нов клуб, откако претходно се раздели со Вашаш, Кире Ристевски на крај се одлучи да остане во унгарското првенство, продолжувајќи во поранешниот клуб на Енис Барди.

„Среќен сум што продолжувам во еден од најславните унгарски клубови, со огромна традиција и амбиции за највисок пласман и во новата сезона во Унгарија. Верувам дека ќе ја оправдам довербата на стручниот штаб и раководството на клубот“ – истакна Ристевски по потпишувањето на договорот со новиот клуб.

Ристевски со Ујпешт потпиша договор за соработка до јуни 2021 година. Претходно две сезони го носеше дресот на Вашаш, но по неговата преселба во Втората лига мораше да го напушти клубот.

Се вчитува...