Кире Ристевски: Против Ерменија за продолжување на позитивната низа резултати

Македонската репрезентација денеска од 18 часот на националната арена „Филип Втори“ ја очекува вториот натпревар од Лигата на нациите. По триумфот од 0-2 на гостувањето против Гибралтар, овој пат со далеку посериозен предизвик против Ерменија кој може да одлучи и многу околу битаката за првото место во групата.

Централниот дефанзивец Кире Ристевски е сигурен дека уште еднаш ќе се одигра на нивото, и со поддршка од навивачите ќе се продолжи позитивната серија резултати…

„Одбраната против Гибралтар беше на ниво, но сепак ќе мораме да бидеме далеку посконцентрирани во дуелот со Ерменија. Сите сме позитивни, Македонија има одлична низа на резултати и доколку пристапот ни биде како на претходните натпревари, таа серија ќе трае. Ја повикувам и публиката да дојде на нашата арена и заеднички да се радуваме на победа“  – вели Ристевски.

Македонија зад себе има низа од осум едноподруго натпревари без пораз, од кои четири победи и четири ремија. Без сомнение сега желбата е со триумф против Ерменците цврсто да се продолжи на патот за пласман на Европското првенство 2020.

Се вчитува...