Кире Ристевски: Среќен сум што повторно сум на терените!

Македонскиот репрезентативец Кире Ристевски повторно е на терените во унгарскиот шампионат.

Ристевски, дури по речиси еден месец откако потпиша за својот нов клуб Ујпешт, конечно дебитираше во новиот дрес враќајќи се на клупскиот фудбал. Македонскиот дефанзивец вчера стартуваше за првиот тим на Ујпешт во 10. коло од шампионатот на Унгарија во триумфот против Пушкаш Академија од 2-0.

„Среќен сум што повторно сум на терените, и секако што дебито е заокружено со победа на мојот тим. Желбата на Ујпешти во новата сезона е сигурно да се бори за горниот дел од табелата“ – вели Ристевски по дебито.

Кире Ристевски утре треба да се најде и на првиот собир на сениорската репрезентација за престојните два натпревари од Лигата на нациите против Лихтенштајн на 13. октомври во Скопје и против Ерменија во Ереван на 16. октомври.

Се вчитува...