Кирјос: Да го освојам „УС Опен“ и повеќе не мора да играм тенис!

Ник Кирјос уште еднаш покажа дека ова лето игра животна фотма. Контроверзниот тенисер и по вторпат сезонава, а четврти пат во пет меча го победи најдобриот светски играч Данил Медведев и му ја одзеде њујоршката круна.

Австралијанецот по големата победа истакна дека е задоволен од играта и победата, па одново ја насмеа присутната публика.

„Ова е последниот најголем турнир во годината, мораме да се мотивираме, охрабруваме и да бидеме позитивни. Одиграв солиден натпревар и сега ме чекаат уште три победи и не морам повеќе да играм тенис“, заклучи Ник.

Со победата на Кирјос, УС Опен остана без бранител на трофејот и во машка конкуренција откако претходно беше елиминирана и Ема Радукану.

 

 

 

Се вчитува...