Кирјос: Никогаш веќе нема да има победник каков што е Ноле

Ник Кирјос и Новак Ѓоковиќ ќе се сретнат во финалето на неофицијалното светско првенство во тенис, Вимблдон.

Австралиецот се пласираше во своето прво гранд-слем финале, откако поради повреда Рафаел Надал мораше без борба да го предаде мечот во полуфиналето.

Кирјос пред финалниот меч имаше само пофални зборови за српскиот тенисер.

„Веројатно никогаш веќе нема да видиме тенисери како Рафа, Ноле и Роџер. Никогаш повеќе нема да видиме тенисер кој игра и победува како Новак. Никогаш веќе нема да видиме тенисер кој игра без напор како Роџер и некој кој е натпреварувач како Рафа. Кога ќе заминат чувствувам дека можам да стигнам до гранд-слем“, изјави Кирјос. 

Финалето меѓу Ѓоковиќ и Кирјос на програмата е во недела.

Се вчитува...