Кирјос по три години конечно освои титула!

Австралискиот тенисер Ник Кирјос ја освои титулата на АТП турнирот од серијата 500 во Вашингтон, откако во финалето за нешто повеќе од два часа игра го совлада Јошихито Нишиока со 6-4, 6-3.

Моментално 63-от играч во светот го освои седмиот трофеј во кариерата, односно прв од август 2019 година, кога во решавачкиот дуел во главниот град на САД го победи Медведев, актуелниот играч број 1 во светот.

Австралиецот одлично го започна мечот и веќе во првиот гем му го одзеде сервисот на противникот, а откако во шестиот гем ја спаси единствената брејк топка на Јапонецот, рутински го приведе сетот до крај.

Дваесет и седумгодишниот Кирјиос израмни во првиот гем од вториот сет, ги контролираше случувањата на теренот и не го загуби фокусот ниту по неколкуте ситни испади и дискусии со судијата и неговиот тим.

Кирјос, кој од денеска ќе биде 37. играч во светот, загуби само еден поен во последните три сервисни гејма, а финалето во Вашингтон го заврши со нов брејк.

 

 

 

Се вчитува...