Кирјос во тензичен натпревар го елиминираше Циципас

Ник Кирјос се пласираше во осминафиналето на Вимблдон откако во крајно тензичен натпревар славеше над третиот носител Стефанос Циципас со 3-1, по сетови 6-7, 6-4, 6-3 и 7-6.

Циципас отвори одлично и го доби првиот сет со 7-6. Во вториот сет Кирјос заигра далеку подобро и успеа да изедначи на 1-1, а на крајот на сетот Гркот имаше мал испад откако упати едно топче кон еден од луѓето во публика, но имаше среќа бидејќи тоа не заврши во него.

Во третиот сет голема беше нервозата кај Циципас, која ја искористи Австралиецот и поведе со 2-1.

Во осминафиналето Кирјос ќе игра против сонародникот Џејсон Кублер кој во пет сета беше подобар од Џек Сок.

Се вчитува...