Кит Го минимално поразен и од романската Универзитатеа Крајова 1948

Фудбалерите на Кит Го доживеаја и втор минимален пораз на подготовките во Анталија, овој пат од романскиот третолигаш Универзитате Крајова 1948 со 2-3 (1-1).

Повторно низ максимално израмнет натпревар поразот следеше откако Романците постигнаа погодок во 80. минута за конечна победа од 3-2. Претходно првото полувреме заврши 1-1. Стрелец на голот за кит Го бепе Бошко Ступиќ, за да Тони Мичковски во 50. минута донесе и предност од 2-1 за пехчевци. Но, Универзитатеа Крајова 1948 со два гола во финишот дојде до победата од 3-2.

На првиот тест дуел во Анталија, како што е познато, Кит Го загуби од романскиот второлигаш Рипенсиа со 1-2.

Се вчитува...