Кјелини: За Балотели лекот е шлаканица, но тој не е најлошиот…

Италијанскиот репрезентативец Џорџо Кјелини ја објави автобиографската книга „Јас, Џорџо“, со која привлече големо внимание во спортската јавност на Апенинскиот полуостров. Во неа, искусниот дефанзивец жестоко го нападна Марио Балотели, проблематичниот голгетер кој и покрај големиот талент никогаш не го достигна потенцијалот што го поседува.

„Балотели е негативен како човек, тој не ја почитува екипата. За време на Купот на Конфедерации во 2013 година воопшто не им помагаше на соиграчите. Заслуживаше шлаканица, тоа е лекот за него. Некои луѓе мислеа дека е меѓу петмината најдобри во светот, но за мене никогаш не беше ниту во Топ 20“, вели Кјелини.

Само еден фудбалер го нервирал Кјелини повеќе од Марио Балотели, тоа е Бразилецот Фелипе Мело, кој беше дел од Јувентус од 2009 до 2011 година.

„Тој навистина беше најлош од најлошите. Не поднесувам луѓе кои не покажуваат почит кон другите, оние кои секогаш „контрираат“ за се и сешто. Кога тој е во близина, секогаш има некоја караница, им реков на директорите дека тој е јаболко на раздорот“, открива италијанскиот дефнзивец.

Се вчитува...