КК Чаир: Остро го осудуваме вчерашниот инцидент и се извинуваме сите наши љубители на спортот

Деветтото коло од Првата кошаркарска лига наместо спектакл во Чаир каде во првиот натпревар на истоимениот клуб во „Шабан Трстена“ му гостуваше најтрофејниот тим Работнички, го одбележа немила сцена кога во втората четвртина еден домашен навивач го нападна кошаркарот на гостите, Ерик Нотиџ.

Натпреварот беше прекинат и воопшто не продолжи по одлуката на судиската тројка во консултација со делегатот Данчо Ивановски. Работнички победата ја доби на „зелена маса“, а строга казна допрва ги очекува чаирчани. Во меѓувреме скопскиот клуб се огласи преку социјалните медиуми каде се извини за немилиот настан.

„Соопштение од Кошаркарскиот клуб Чаир 2030

Почитувани љубители на спортот. Ние како клуб најостро го осудуваме вчерашниот инцидент помеѓу нашиот клуб КК Чаир 2030 и КК Работнички. Исто така жалиме за таа супер атмосфера која на крајот заврши на најлош можен начин. Овој супер добро организиран настан, на кој публиката беше на највисоко ниво со супер фер и коректна атмосфера, остана во сенка на инцидент инициран од ПОСЕБЕН ПОЕДИНЕЦ. Ние како клуб им се извинуваме на сите наши љубители на спортот, на КФСМ (Кошаркарската федерација на Северна Македонија) и противничкиот клуб. Како клуб ве уверуваме дека вакви инциденти нема да се повторат и немаат повеќе место во нашата куќа, реконструираната сала “Шабан Трстена““, стои во соопштението на КК Чаир 2030.

Се вчитува...